Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
27.09.2020 04:20 - Највлијателните Македонци во Бугарската историја
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 1247 Коментари: 2 Гласове:
-2


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 Текстот е преземен од Нова Македонија

Панде Колемишевски

Не знам дали во софиските книжарници или антикварници може да се најде книгата што е објавена пред дваесетина години во Бугарија во која беа рангирани стоте највлијателни личности во бугарската историја. Автори на книгата се Андреј Пантев и Борислав Гаврилов, историчари и универзитетски професори. Пантев, кој е и академик на БАН, е познат и по македонското прашање и цврсто ја држи тезата дека Македонците се Бугари. Давајќи им примат на тие ставови, авторите сите личности што се сметаат и македонски ги декларираат како чисти Бугари. Бидејќи во книгата има личности за кои денес жестоко се спори меѓу политичарите и историчарите од двете држави, добро е да се видат бугарските гледања од тоа време, кои не се уште позасилени и политички поткрепени денес. Јас како автор на текстот, во случајов, само наведувам факти, без да коментирам. Тоа им го оставам на читателите.
Книгата изобилува со претставување личности од почетокот на бугарската историја, па до Втората светска војна. За секоја личност има и кратка биографија, опис на нејзиното дело и понекоја оцена, која повеќе може да се смета за субјективна одошто објективна. Освен цареви, владетели, војници, претседатели на влади, на собранија или на партии, во книгата во голем број се застапени црковни лица, мисионери, револуционери и јунаци, министри, политичари, литературни и творци во областа на културата и просветата.

Има имиња на славни поети и писатели, сликари и личности од други професии што оставиле своевиден белег врз бугарството општество. Личности што се паметат, по чии имиња се именувани универзитети, библиотеки, училишта и други национални институции. Некои од нив и денес се слават црковно или световно, во зависност од актуелната власт, и се истакнуваат по потреба, особено кога се водат спорови со Република Македонија.
Во предговорот на книгата, објаснувајќи ја методологијата, самите автори наведуваат дека кога ја правеле ранг-листата се воделе од три критериуми: колку личностите го промениле курсот на бугарската историја или животот на обичните луѓе, колку целосно и долго траело нивното дело и какво влијание извршило и дали истите настани ќе се случеле и без учеството на тие личности. Инсистираат дека табелата не е редена по заслуги, туку по критериуми што зборуваат за доброто и лошото. Поаѓајќи од тие премиси, во книгата се наведени и неколку личности за кои постои чудно објаснување, пред сѐ негативно.
На прво место е Аспарух, творецот и прв владетел на Дунавска Бугарија, кој со околу 50 илјади прабугари дошол на сегашните територии кон утоката на Дунав. Некои го нарекуваат и „цар од првата италијанска легија“, зашто тоа била римска легија. Второрангиран е светиот цар Борис Бугарски, монах, по световно име Михаил. Тој беше првиот човек што го посеа семето на Евангелието меѓу незнабожните Бугари и кој Бугарите со мисијата на Кирил и Методиј ги словенизира. Во деветиот век (870) Бугарија стана христијанска земја, ја прифати словенската азбука и се присоедини кон источната црква.

Како што е напишано погоре, авторите Пантев и Гаврилов, спроведувајќи ја познатата стара, но и комунистичка бугарска теза „сѐ што е македонско е и бугарско“, меѓу своите великани сместија личности со потекло од Македонија, односно имиња што се неодминлив дел и од македонската историја. Некои од нив се на списокот што е договорен меѓу двете влади како дејци од заедничката историја, некои сѐ уште се тема на дискусија, а за некои не се заинтересирани ниту бугарските политичари и историчари, ниту пак нашите. Но, според бугарските извори и сегашните актуелни ставови, сѐ што е христијанско родено на македонска почва до Втората светска војна е бугарско и сите Македонци дотогаш биле Бугари. Тогаш свесни, сега заблудени, со испран мозок, како што се вели во бугарскиот најнов меморандум. Впрочем, такви документи (меморандуми, резолуции, конгресни заклучоци, владини декларации) во Бугарија во однос на Македонија има стотина.
Значи, поаѓајќи од тие премиси, веднаш зад кан Аспарух и цар Борис, на третото место се рангирани браќата Кирил и Методиј, создатели на словенската писменост, односно на бугарското писмо и јазик. Климент Охридски се наоѓа на 10-то место, кој, по браќата Кирил и Методиј, најмногу придонел за развојот на словенската писменост. Иако авторите во предговорот се оградуваат од неговото бугарско потекло, тој, според нив, се борел за бугарската кауза. Климент, кој работел во краиштата околу Охридско и Преспанско Езеро и голем дел од Јужна Албанија, бил првиот словенски епископ што проповедал на бугарски јазик. Од тој период на средновековието, цар Самуил се наоѓа на 14-то место.

Изненадувачки (барем за авторот на овие редови) е што на високото 16-то место се најдоа браќата Димитар и Константин Миладинови. Според бугарските автори, животот и дејноста на Миладиновци треба да бидат оценети како една од „најсилните лични пројави на бугарската волја за ново народно битие и да се поставуваат во низата големи придобивки на бугарската културна преродба“. Односно, нивна е заслугата за елиминирање на раширениот елинизам (гркоманство) меѓу македонското население и негово приклонување кон бугарската кауза, односно народна култура и традиција.
Во книгата се рангирани и личности поврзани со револуционерниот период од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кои главно се бореле за ослободување на Македонија од Турците и за извојување самостојност, вклучувајќи и самостојна држава на македонскиот народ како посебен. Гоце Делчев е рангиран највисоко, на 24-то место, меѓу цар Борис Трети и Георги Димитров. За авторите нема никакви дилеми дека тој е Бугарин и „најзначајното име од националноослободителното движење на Бугарите во Македонија и Одринско“. Во времето кога излезе книгата кај дел од публиката големо изненадување претставуваше фактот што меѓу стоте највлијателни Бугари се најде и Јане Сандански, зашто тој никогаш не се борел за бугарската кауза. Имено, Јане Сандански бил ставен на списокот токму поради тоа што им нанел големо зло на бугарските национални интереси. Тие Јанета го вбројуваат меѓу најзлосторничките фигури во Бугарија и го обвинуваат за братоубиствата меѓу Македонците по Илинденското востание.

Од тој период за своите придонеси за јакнење на бугарштината меѓу стоте највлијателни Бугари се и Ванчо Михајлов и Тодор Александров. Михајлов го зазема 49-то место. Според нив, неговото дело сѐ уште чекало целосна оцена, но во секој случај, неговата заслуга за бугарштината била огромна. „Ванчо Михајлов останува олицетворение на идејата за независна Македонија, во која треба да биде признаена бугарската народност. Тој, се разбира, не крие, дека таа независност ја сфаќа само како етапа по патот за конечно ослободување на Македонија и нејзино припојување кон мајка Бугарија. Александров е на 54-то место, опишан како еден од луѓето што биле готови да направат сѐ за среќата на Бугарија, но и еден од виновниците за двете големи катастрофи што ги доживеала Бугарија војувајќи за Македонија.
Освен учеството на штипјани во бугарската историја, видлива е и улогата на неколкумина ресенци. Најпознати се четворица родени во Ресен, а поврзани со илинденскиот и поилинденскиот период. Тоа се Христо Татарчев, Андреј Љапчев, Симеон Радев и Трајко Китанчев. Од нив, само двајца се рангирани меѓу стоте најголеми. Д-р Христо Татарчев, еден од основачите и прв претседател на ВМРО, е рангиран на 56-то место. Друг ресенец, Андреј Љапчев го зазема 86-то место. Љапчев бил министер на војската и пет години (1926 – 1931) претседател на Владата на Бугарија. За него се вели дека во тоа својство, од турска заостаната Бугарија, направил модерна држава. До ден-денес многу често е цитирана неговата филозофија за успешно владеење, која гласи: „Со кроце, со благо и со малку ќотек сѐ ќе си дојде на свое место“. (Надвор од бугарскиот контекст, треба да се наведе дека еден од браќата на Андреј бил високопозициониран политичар во српската влада. Инаку, според извори за Ресен и Преспа, Љапчеви биле Власи што дошле во Ресен од Мегленско).

На тој славеничко-признателен список меѓу сто најголеми се наоѓа и уште еден, публично и историски речиси непознат ресенец. Неговото име е Наум Туфекџиев. Ако Сандански е на 82-то место, Туфекчиев е на 83-то место, веднаш зад него. И Туфекџиев, многу богат трговец со оружје, е отсликан како темна злосторничка фигура што ѝ нанела штета на Бугарија. Бил замешан во неколку заговори и атентати на политичари. Тој бил централната личност во атентатот на бугарскиот премиер Стефан Стамболов, со што бил направен сериозен пресврт во политичките и владејачки односи во Бугарија во тој период. Последна, стота, е рангирана Баба Ванѓа, надалеку прочуената струмичка јасновитка. Да беше жива, којзнае што ќе кажеше за оваа книга-заслужник на бугарските историски личности. И како би реагирала на актуелните спорови меѓу Бугарија и Македонија за историјата. Иако слепа, најверојатно ќе гледаше повеќе и подалеку одошто сега гледаат политичарите од двете страни на границата. Скопје и Софија, Македонија и Бугарија.




Гласувай:
0



1. 1997 - г-н Колемишевски отразява реалната позиция на властта
27.09.2020 19:16
Премиерът Заев шикалкави, че се търси общо решение.
цитирай
2. bojil - Това са македонски Българи- не са ...
01.12.2020 13:00
Това са македонски Българи- не са "македонци" по народност!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378147
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031